Категорично ги отфрламе депласираните ставови и клевети на Јованка Дамовска -Секулоска изнесени на денешната прес конференција во ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Со лажни и  тенденциозни обвинувања, упорно пред јавноста сака да ги дискредитра сите позитивни активности и резултати на градоначалникот на општина Охрид и администрацијата од Секторот за туризам и локален економски развој, се наведува во реакцијата од локалната самоуправа во врска со денес одржаната прес- конференција во ОК на ВМРО- ДПМНЕ.

– Очигледно е дека последните резултати кои ги постигнавме со промотивните настани во Белград, новиот Европски проект кој го имплементираме со УНЕСКО и Градот Венеција, проектите кои ги одобруваме на станоиздавачите од мал обем, невладините организации и месните заедници, наместо да бидат позитивен пример за сите, па и за Владата на Р.Македонија, на Секулоска и на ВМРО ДПМНЕ им пречи. Ставовите изнесени по однос на извештаите за работата на Секторот ТЛЕР во минатата година се погрешно и тенденциозно интерпретирани за да се дефокусира вниманието на граѓаните кои поради катастрофалната политика и владеењет на ВМРО-ДПМНЕ се се посиромашни, стои меѓудругото во реакцијата од локалната самоуправа.

OhridNews