Општина Струга го уреди првиот дел од идната градска плажа. Како што информираат од Општината во следниот период просторот постепено ќе се трансформира во уредено и достоинствено место за одмор и рекреација на граѓаните.
Чекор по чекор, Струга ги враќа јавните простори таму каде што припаѓаат – кај граѓаните. Ова е само почеток. Пред нас има уште многу работа, но нашата определба е јасна – да создаваме уредени, безбедни и достапни простори што ќе останат во служба на граѓаните, посочуваат од Општина Струга.
OhridNews










