
Покрај Буџетот, струшките советници ќе расправаат и за Предлог-Програмите за уредување на градежно земјиште, за одбележување на значајни настани и личности и за активностите во областа на спортот и младите за 2014 година.
Исто така се очекува да бидат усвоени и Предлог програмите за работа на МЈП „Проаква“ од Струга, за развој на туризмот, за сообраќајната сигнализација како и Финансискиот извештај за третиот квартал од 2013 година на ЈП ,,Пастертиа’’ од село Велешта. На оваа седница, пред советниците ќе се најдат и уште неколку точки од урбанистичката сфера.
OhridNews











