Општина Струга објави јавен повик за финансиска поддршка на физичките лица даватели на услуги за сместување туристи.
Со оваа мерка се овозможува поврат на 60 отсто од уплатената туристичка такса за 2025 година за физички лица кои поседуваат решение за категоризација од Општина Струга – стои во јавниот повик.
За поврат на средства потребно е баарање на пропишан образец, доказ за уплатена туристичка такса за 2025 година и трансакциска сметка на барателот.
Право на учество, како што наведува Општина Струга имаат сите физички лица даватели на услуги за сместување на туристи кои се категоризирани на територијата на Општина Струга и уплатиле такса за привремен престој од 01.01.2025 заклучно со 31.12.2025 година. Правото на учество се докажува со уплатница/извод од банка за извршената уплата на средства на сметка на Општина Струга.
Барањата се поднесуваат на шалтерот на општинската администрација, каде што е достапен и образецот за пријавување, најдоцна до 18 ноември 2026 година.
OhridNews












