Во струшкото село Октиси започна со работа канцеларијата, во чии рамки ќе има и матична служба, во која жителите во иднина ќе ги вадат изводите и други лични документи.

Месната канцеларија е под општина Струга, која го финансира нејзиното работење. За почеток работи со двајца вработени, но постои можност нивниот број да се зголеми доколку се јави потреба. Канцеларијата ќе опслужува 5.000 жители- освен Октиси ќе служи и за потребите на жителите од дел од околните села.

Од струшката Локална самоуправа најавуваат отворање на вакви канцеларии и во останатите поголеми селски населби, како што се Лабуништа и Вевчани.

OhridNews