Општина Струга поднесе кривична пријава против Оделението за внатрешни работи во Струга, односно до раководителот на Секторот за сообраќај, со обвинување за злоупотреба на службената положба.
-Констатирајќи го урбаниoт хаос, општина Струга неколку пати писмено и се обрати на ОВР-Струга, за преземање мерки што се однесуваат до редот во сообраќајот. Но, истите барања не се земени во предвид од нивна страна, а сите сме сведоци на тоа дека дека состојбата со сообраќајот се влоши затоа што полицијата не интервенираше во неколку делови на градот, стои во соопштението од општината.
Во него се потенцира дека поради непреземање на соодветни мерки од страна на полицијата, граѓаните се паркираат на забранети места во градот или ги возат своите моторни возила во забранета насока.
OhridNews