Општина Струга со реакција, како што велат оттаму, против саботажата на Владата против децата и учениците на Струга и останатите жители.
– Само денес, министерството за Финансии зеде од буџетот на општина Струга 4 милиони денари, пари кои беа испратени за плаќање на заостанати долгови на школите, наследени од поранешнета политичка гарнитура. Потсетуваме дека оваа власт , за заеднички долг, со општина Охрид, на општина Струга само за оваа година и зеде 17.228.902 ден. или 281058 евра, а поранешната година 26.123.376 ден. или 426156 евра, пари кои беа предвидени за водоводи, канализации и нови патишта за градот, се наведува во реакцијата од локалната самоуправа на Струга.
Како што велат оттаму, владата се однесува за некого како мајка , а за други како маќеа.
– Владата има нафта, има пари за учениците на другите општини , а за граѓаните на општина Струга не само ошто не дека, туку им кради пари. Потсетуваме дека само пред две недели плативме околу 10 милиони денари. Апелираме до меѓународниот фактор во земјава, да ја деблокира ситуцијата и да помогне за решавање на истата,велат од општина Струга.
OhridNews