Општина Струга од 19–22 февруари ќе учествува на Меѓународниот саем за туризам кој ќе се одржи во Белград, Србија, во просториите на Belgrade Fair.

Ги покануваме сите хотелиери, сопственици на пансиони, ресторани, туристички агенции, како и другите бизниси што работат во областа на туризмот и угостителството, да достават промотивни материјали (брошури, каталози, визит-картички, промотивни материјали и сл.) кои ќе бидат изложени на нашиот претставнички штанд.
Посочуваат дека краен рок за доставување на материјалите е 17 февруари, а истите може да се достават во канцеларија бр. 4 – Одделение за туризам при Општина Струга, во рамките на редовното работно време.
Ве покануваме да бидете дел од ова заедничко претставување и да придонесете во промоцијата на туристичкиот потенцијал на нашиот град, потенцираат од Општина Струга.
Додаваат дека проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
OhridNews












