Општина Струга од 19–22 февруари ќе учествува на Меѓународниот саем за туризам кој ќе се одржи во Белград, Србија, во просториите на Belgrade Fair.

Нашата цел, велат од Општината, е достоинствено промовирање на туристичката понуда на Струга и зголемување на соработката со регионалниот и меѓународниот пазар.

Ги покануваме сите хотелиери, сопственици на пансиони, ресторани, туристички агенции, како и другите бизниси што работат во областа на туризмот и угостителството, да достават промотивни материјали (брошури, каталози, визит-картички, промотивни материјали и сл.) кои ќе бидат изложени на нашиот претставнички штанд.

Посочуваат дека краен рок за доставување на материјалите е 17 февруари, а истите може да се достават во канцеларија бр. 4 – Одделение за туризам при Општина Струга, во рамките на редовното работно време.

Ве покануваме да бидете дел од ова заедничко претставување и да придонесете во промоцијата на туристичкиот потенцијал на нашиот град, потенцираат од Општина Струга.

Додаваат дека проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

OhridNews