Во екот на главната туристичка сезона општинската туристичка инспекција покрај туристичките објекти редовно ги контролира и туристичките водичи, кои водат организирани групи гости. Во најголем број контролите покажуваат почитување на Законот за туристичка дејност, а само во еден случај е изречена глоба на неовластен туристички водич од странство, информира локалната самоуправа.

Општината апелира до хотелиерите станоиздавачите да им укажат на гостите дека треба да користат лиценцирани туристички водичи за разглед на градот.

OhridNews