Уште едно брутално потценување, омаловажување и навреда на свеста и достоинството  на охриѓани од страна на СДСМ Охрид. Доколку нивното расипништво и дивеење со Охрид се случеше пред две-три децении или во минатиот век можеби меморијата на охриѓани ќе избледнеше, а нивните спинови и антитези ќе поминеа, реагираат од локалната самоуправа во врска со денес изнесеното од страна на општинската СДСМ.

– Доколку барем еднаш во овие години им се извинеа на граѓаните на Охрид за нивното осумгодишно криминално-коруптивно и општествено-деструктивно раководење со градот можеби Охриѓани ќе им простеа. Вака само продолжува низата на недостоинствени и навредливи прес конференции во кои со потценување на народот нудат „ живот“. Недај боже тие да го вратат „животот“ во Охрид. Единствено добро во нивната прес конференција е тоа што ги потсетуваат граѓаните на проектите кои ние во континуитет ги реализираме, враќајки го нормалниот живот во градот, а тие ги сметаат за „ништо“. За тоа јавно им благодариме, велат од локалната самоуправа.

Оттаму, додаваат дека Охриѓани како и сите останати вообичаено не играат тенис, фудбал или кошарка на 5, 10 или 15 степени под нулата.

– Можеби тоа го можат асовите од СДСМ Охрид на игралиштата кои тие „ги изградија и приспособија“ за ниски температури. Но, ние не сме ги виделе. Жалиме што нивните паушални анализи се разликуваат од етаблираните компаративни статистички операции, достапни за сите, невидливи и неважни за нив. Жалиме што нивниот концепт за развој на туризам базиран на станбени згради е заменет со тренд на градење на хотели. Жалиме што нивните репрезентации и прошетки се заменети со секојдневна силна промоција и маркетинг на Охрид во светските гласила, велат од локалната самоуправа.

OhridNews