Не е првпат ОО на ЛДП , да излегува во јавноста со манипулации и искривување на фактите, со вадење од контекст на изјавите на официјални лица на Општина Охрид, во поглед на кредитните линии што се очекуваат од Светска Банка, се наведува во реакцијата од локалната самоуправа по дописот од ЛДП дека сеуште очекуваат одговор од надлежните во врска со презентираните проекти пред претставниците од Светска банка.

– Општина Охрид почитувајќи ги законските обврски и процедури, аплицира со повеќе инфраструктурни проекти пред Светска Банка, кои се однесуваат на реконструкција  на улици и патишта во градот и руралните средини, реконструкција и доградба на водоводна и канализациона мрежа, реконструкција на градинки и набавка на специјални возила за ЈП Комуналец. Најдобра потврда дека ништо не е работено во делот на изработка на проектна документација, е делот од одговорот на ЛДП каде се наведува дека го знаат нашиот одговор. А, ние не се сомневаме дека е така, зошто ним им е совршено јасно дека освен ништо што не направија, туку и  ја уназадија Општина Охрид. Во ЛДП треба да знаат дека, за да се изработи квалитетен и издржан проект, целата постапка треба да помине повеќе фази и  трае неколку месеци, а во моментов проектната единица на Светска банка работи на физибилити студија, по која сите проекти ќе бидат проследени до централата на одобрување. Ние сме уверени дека нашата апликација ќе ги задоволи високите критериуми и Охрид ќе ги добие бараните средства, стои во реакцијата од општина Охрид.

Оттаму додаваат дека и во иднина локалната самоуправа ќе биде транспарентна пред јавноста и граѓаните со видливи резултати.