Според охридската Локална самоуправа, прекинувањето на активностите за пописот на населението ќе предизвика не само материјална,  туку и политичка штета. 

– Локалната самоуправа  ќе претрпи и директни последици, со оглед на тоа дека дел од вработените во општинската администрација беа ангажирани во пописот, поради што тие не  можеа да ги извршуваат секојдневните работни задачи. Сметаме дека за прекинувањето  на пописот Владата треба да даде сериозни одговори и да ги посочи виновниците за фијаското на овој важен статистички процес, велат од општина Охрид.

OhridNews