Општина: Владата на ВМРО- ДПМНЕ работи против интересите на граѓаните
25.01.12 15:20
Општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ на денешна прес- конференција продолжи со неоснованите напади врз градоначалникот Александар Петрески, обвинувајќи го дека работи против интересите на граѓаните. Го потсетуваме председателот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ Атанаско Михаилов , дека одлука за поскапување на водата за 20 отсто е донесена во времето кога тие ја имаа локалната власт. Веројатно немале храброст или поради други интереси не ја спровеле и со нивните недомаќински постапки речиси го уништија меѓуопштинското јавно претпријатие „ Проаква“ , се наведува во испратената реакциија од кабинетот на градоначалникот, а во врска со денес одржаната прес конференција на општинската ВМРО- ДПМНЕ.
– Доколку вистински се грижат за интересите на граѓаните , преку нивната партија ВМРО- ДПМНЕ , нивните пратеници, министри, премиерот и другите надлежни институции, нека реагираат на поскапувањата на струјата, парното греење, бензинот и нафтените деривати. Нека реагираат на секојдневните поскапувања на основните прехрамбени и други производи со кои се повеќе го осиромашуваат народот. Господо од ОК на ВМРО- ДПМНЕ од Охрид. Престанете со лицемерие и политиканство , зошто очигледно е дека вашата , владата на ВМРО- ДПМНЕ , а не градоначалникот, работат против интересите на граѓаните кои се на работ на голата егзистенција и човечкото достоинство, стои во испратената реакција од кабинетот на градоначалникот Александар Петрески.
Со една координирана интер-секторска дипломатска активност успеавме да добиеме дополнителен период и да почнеме со имплементирање на тие препораки, вели премиерот Христијан Мицкоски во врска со ден...
Амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас денес оставри посета и на Планинската спасителна служба во Охрид каде одблиску се запозна со инфраструктурата, опремата и човечките ресурси со кои расп...
Општина Охрид, во согласност со оперативниот план за активни програми и мерки за вработување усвоен од Владата на Република Македонија, објави јавен повик за работно ангажирање на невработени лица ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.