Наместо кај градоначалникот Александар Петрески , крајно време е ОК на ВМРО- ДПМНЕ, во името на демократијата да собере храброст и доблест, одговорност за незаконско работење и корупција да побара во врвот на нивната партија , стои во реакцијата од локалната самоуправа која следи по барањето за преиспитување на работењето на градоначалникот од страна на општинската ВМРО- ДПМНЕ.

– Во Локалната самоуправа , години наназад секојдневно врие од разноразни инспекции и контроли кои имаат инструкции по секоја цена  да најдат незаконито работење кај општинската администрација и градоначалникот Александар Петрески. По толку контроли, криминал и корупција не најдоа , но затоа продолжуваат со контроли и секојдневно ја попречуваат нормалната работа на администрацијата  и го попречуваат  ефикасното решавање на проблемите на граѓаните. Кабинетот на градоначалникот Александар Петрески, смета дека ОК на ВМРО- ДПМНЕ треба да се позанимава со одговорноста на оние кои со божемната  реконструкција на Општата болница, всушност го уништија охридското здраство и кои се виновниците за пропаѓањето на ЕМО. Како и кој ги пере парите од спомениците во Скопје или кој е виновен за прекинувањето на пописот и попусто потрошените милиони евра ,кои ни криви ни должни ќе ги плаќаат граѓаните, се наведува во реакцијата од локалната самоуправа.      

OhridNews