ВМРО – ДПМНЕ поучени од криминалната работа на своите министри и градоначалници, не знае дека постои и друг начин  на работа. Александар Петрески и неговата администрација, во своите два мандати работи одговорно и според сите законски прописи, стои во реакцијата од кабинетот на градоначалникот по денешната прес- конференција на општинската ВМРО- ДПМНЕ .

–  Од ВМРО – ДПМНЕ треба да знаат дека секој туристички центар во светот, за доброто на градот, туризмот и развојот, треба да е среден. Сите улици, особено во централното градско подрачје мора да бидат средени и проодни како за автмобили така и за пешаци. Тротоарите и просторите каде е забрането паркирањето мора да бидат проодни. А оние улици во централното градско подрачје, каде има доволно простор за проодност и за паркирање, како во сите туристички центри, така и во Охрид ќе се наплаќа со цел средување на сообраќајот во центарот, велат од кабинетот на градоначалникот.

Оттаму, ги повикуваат раководните лица на ВМРО – ДПМНЕ да прошетаат до Скопје и да видат како нивните градоначалници ги ограбуваат граѓаните со наплата на паркинг просторот за сто денари од час.

–    Власта на ВМРО – ДПМНЕ сака да го запусти и Охрид, исто како Општина Центар со изградба на многу споменици и недолични градби. Ние тоа нема да го дозволиме, се наведува во реакцијата.

OhridNews