Изградбата на Здраствениот дом во Охрид е прашање од интерес на граѓаните и не треба да е постојана тема на ОК на ВМРО- ДПМНЕ за полемика со локалната самоуправа, стои во реакцијата на локалната самоуправа во врска со денешниот прес на ОК на ВМРО- ДПМНЕ.
– Недолични се обвинувањата дека виновник за доцнењето со изградбата на овој важен здравствен објект е локалната самоуправа, зошто речиси 5 години не е доставена потребната документација. Сметаме за потребно уште еднаш да и предочиме на охридската јавност дека со ваквите неосновани напади, ОК на ВМРО- ДПМНЕ сака да ја избегне одговорноста за неажурноста на нивните раководни структури во Здраствениот дом .Од Секторот за урбанизам повеќе пати се упатувани совети работата да си ја завршите и да ја поднесете потребната документација, за да ја добиете градежната дозвола, но очигледно е дека тоа не сте го сториле. Признајте пред себе и пред јавноста дека тоа е лош маневар на вашиот ОК на ВМРО- ДПМНЕ , зошто очигледно ја лажете јавноста дека имате пари за изградба на здраствениот дом, а веројатно сте ги потрошиле за изградба на спомениците во Скопје, велат од локалната самоуправа.











