Општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ на денешната прес конференција, конечно призна зошто го кочи развојот на Охрид и им прави големи штети на граѓаните. Признаа дека го забавувале  процесот за реализирање на  капиталните инвестиции, како што се катната гаража и автобуската станица, од  ситно партиски интереси, стои во реакцијата од кабинетот на градоначалникот Александар Петрески во врска со денес одржаната прес конференција на општинската ВМРО- ДПМНЕ.

– Во ОК на ВМРО- ДПМНЕ  треба да знаат дека Деталните урбанистички планови не ги носи градоначалникот  , туку Советот на Општина Охрид , по претходно добиени согласности од Министерството за транспорт и врски и други надлежни органи , на чие чело се луѓе од нивната партија. Затоа , неопходно  е сега да ја понесат одговорноста , зошто над 30 детални урбанистички планови стојат во фиоките на нивните функционери.Признаа дека целта на кочењето на реализацијата на  капиталните инвестиции во Охрид била, нив да  ги реализира нивниот нов градоначалник со помош на Владата. Им порачуваме дека нема да им се реализираат ниските политички страсти, во Охрид нема да има градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ на престојните локални избори , ниту пак Влада на чие чело би била нивната партија, се наведува во реакцијата.


OhridNews