По денешната прес- конференција на општинската ВМРО- ДПМНЕ, со реакција и од кабинетот на градоначалникот од каде наведуваат дека следејќи ги партиските упатства за секојдневно дефокусирање на јавноста од реалните проблеми и длабоката политичка криза, ОК на ВМРО – ДПМНЕ  продолжува да манипулира со јавноста .

–    Во низата  обвинувања за работата на Секторот за туризам и локален економски развој, на денешната прес конференција се занимаваа  и со туристичките каталози , наместо да се запрашаат со што нивната влада во изминативе години придонесе за развој на туризмот. Барем да признаеја дека , наместо помош , на охриѓани им направија  огромна штета со „ герила “ спотовите во кои не претставија како најнегостопримлив народ во овој дел од светот, велат од кабинетот на градоначалникот.

Оттаму додаваат дека за изработка и емитување на тие спотови биле платени неколку стотици илјади евра .

– Парите беа испрани и заедно со оние од другите владини кампањи сега ќе бидат употребени за лажирање на претстојните локални избори. За секој случај , веројатно имаат и дебели конта од испрани милиони евра од проектот Скопје 2014, се наведува во реакцијата од кабинетот на градоначалникот.

OhridNews