ВМРО ДПМНЕ наместо да се насочат кон вистински и конструктивни политики, кои би биле од корист за граѓаните, тие продолжуваат да мислат само на себе и преку манипулирање на јавноста, сакаат да го подобрат својот катастрофален рејтинг во Охрид, се наведува во реакцијата од локалната самоуправа во врска со изнесеното на денешната прес конференција од координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков.

  • Општина Охрид и Градоначалникот Константин Георгиески постапуваат и работат согласно насоките на Владата на Република Северна Македонија, за намалување на непродуктивните трошоци, со цел справување со економската и здравствената криза предизвикана од Корона вирусот „Ковид 19“. Токму поради тоа, преку прецизен финансиски менаџмент, водејќи сметка за зачувување на буџетската ликвидност, извршено е намалување на нивото на основниот буџет за 20.995.825,00 денари. И покрај намалувањето на нивото на основниот буџет за 4%, извршена е успешна измена на распоредот на средства во рамки на годишните програми, при што се обезбедени дополнителни 27 милиони денари за капитални инвестиции, стои во реакцијата на локалната самоуправа.

Оттаму, ги наведуваат проектите за реконструкција на улицата „Абас Емин“, изградба на новата улица во поранешната касарна, на подземни контејнери, дополнителни вложувања во училиштата за подобување на условите во образованието, како и низа други инвестиции.

Од локалната самоуправа со прашања до советниците од ВМРО-ДПМНЕ-Зошто не ги поддржуваат проектите кои се важни за охриѓани; дали се против редовните плати за негователите и воспитувачите во градинките; дали се против редовни плати за вработените во Центарот за лица со попреченост „Зраци“; дали нивната цел е луѓето да останат без работа, како и -Дали ќе ја покажат својата вистинска хумана страна пред граѓаните на Охрид и дали планираат да се откажат од месечните паушали за оваа календарска година и истите да ги отстапат во фондот кој е наменет за борба со Ковид 19.

OhridNews