Од локалната самоуправа со коментар на изнесеното на вчерашната прес конференција на општинската ВМРО- НП, што се однесува на текот на урбанизацијата во Охрид и долгот на општината.
– Од страна на ВМРО НП, само за тоа да им се допадне на граѓаните, паушално и неаргументирано изнесени беа низа идеи кои немаат никаква реална основа. Се прашуваме како од ВМРО НП мислат да доделат грант од 4 милиони евра?! Зошто токму четири милиони и каде тие пари така лесно се добиваат? Дали мислат дека со идејата за компензација ќе го вратат старото време,кога како партиципиенти во локалната власт го задолжија Охрид со над 33 милиони евра, токму со таквите матни компензации и цесии! Но, и да е така како што велат од ВМРО НП – а, не е, повторно нема ниту одблиску да биде намален долгот на општината како што тие замислуваат, рече портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски.
Што се однесува на сегашното работење на општината во однос на урбанизмот и носењето на деталните урбанистички планови, Џамтоски потенцира дека процедурата која сега се спроведува далеку ги надминува перфомансите во работењето во однос на минатиот период. Додаде дека деталните урбанистички планови се носат во многу потранспарентен процес и според предвидената програма и динамика.
OhridNews