Новото раководство на општина Охрид, на чело со градоначалникот Никола Бакрачески, посветено, упорно и организирано работи на остварување на ветените проекти, но паралелно мака мачи како да се справи со катастрофалната финансиска состојба што ја остави претходното раководство. Дел од поранешното раководство, односно од советничкото мнозинство беше и ВМРО- НП, која, наместо јавно да се извини за учеството во финансиското уништување на општината, деновиве упорно, без аргументи и без малку политичка одговорност ја манипулира јавноста во врска со управувањето со јавните градски паркинзи, се наведува во реакцијата на општина Охрид по повод денешното соопштение на ВМРО-НП Охрид.
„Крајно политички неупатно е да се тврди дека локалната самоуправа, поради некоординираност и страв од изборниот резултат, прашањето за паркинзите го симнала од дневниот ред на седницата на Советот на општина Охрид, која се одржа пред парламентарните избори. Зарем, по катастрофалниот изборен резултат на ВМРО- НП на парламентарните избори, имаат храброст оправдување за поразот да бараат во разни ситно- политички сплетки, наивно верувајќи дека некој ќе им поверува.“ – велат од општина Охрид.
Оттаму потенцираат дека до одржување на закажаната седница на Советот на општина Охрид, ВМРО-НП наместо преку медиумите да ја манипулира јавноста, добро да се подготви за сериозна и аргуемнтирана советничка дебата.
„Исто така веруваме дека има доволно време да ја увидат разликата меѓу приватен сопсвеник и јавно- приватно партнерство и да си разјаснат некои меѓусебни состојби, за кои вината ја бараат кај други. Локалната самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески ги уверуваат граѓаните, дека и покрај ваквите ситно-политички сплетки, ќе продолжат со деноноќните ангажмани и ќе ги реализираат сите проекти кои се во нивен интерес.Народот знае кој безмилосно трошел и оставил финансиски пустош, а кој домаќински работи и реализира бројни проекти во интерес на граѓаните на Охрид.“ – велат од општина Охрид.
OhridNews
ВМРО-НП: Паркинзите да останат целосно во рацете на ЈП „Билјанини Извори“