Денешните обвинувања на СДСМ од Охрид за наводна неприципиелност во работењето на локалната самоуправа и градоначалникот Бакрачески, може да се оквалификува како уште една  безскрупулна лага во континуитет и исфрустрирано барање начин за себе амнестија од финансискиот, урбанистичкиот и економскиот масакр кој го направија во општината и општинските јавни претпријатија во изминатиот периодот на нивно практикување власт во Охрид, се вели во реакцијата на општина Охрид, по повод денешната прес-конференција на СДСМ Охрид.

„За прв пат после повеќе децениско уништување на Студенчишкото блато, неговото претворање во депонија за градежен шут, што доведе до девастација на карактеристиките на водено живеалиште и прекинувањето на линкот со езерото, локалната самоуправа и Градоначалникот Бакрачески изразија подготвеност за изнаоѓање начин за санација, онаму каде што постои можност, и одредување на границите на заштита  на овој некогашен дел од Охридското Езеро. Заедно со стручните служби од општината, еколошките организации, институциите и лицата кои професионално се запознати со состојбата на овој еко-систем, се разговара за можноста за  адаптација и заживување на дел од блатниот систем од некогаш богатото со флора и фауна-Студенчишко блато. После повеќе децениско запоставување и уништување на овој систем, потребни се вистински показатели за состојбата, стручни информации кои содејствуваат со реалноста и конечно да се презентираат сериозни и издржливи модели за функционална заштита и осмисленост на овој простор.“ – велат од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека  несериозно е кога СДСМ во Охрид некого обвинува за недоследност, непринципиелност, неетичност, деградација и злоупотреба на урбанизацијата на просторот.

„Како тоа во 8 години власт на СДСМ во Охрид, не почуствуваа потреба од заштита на овој дел од Охрид и никогаш не поведоа јавна дебата за организирање на просторот кој го зафаќа остатокот од блатото. Ако овој дел од Студенчишко блато успеа да одолее на налетот на СДСМ во изминатите 8 години, секое сегашно решение донесено во една транспарентна и јавна дебата, ќе биде поповолно и ќе произлезе најдоброто можно решение.“ – додаваат од општина Охрид.

OhridNews