Обвинувањата на општинската СДСМ за манипулација со жителите од лескоец, од локалната самоуправа ги оценувааат како дел од серијал на паушални соопштенија кои содржат лажни обвинувања.
– Разликата помеѓу времето кога Вие владеевте со Охрид и сега е огромна и видлива. Охриѓани знаат многу добро кој и што направи за Охрид. Подобро би било да го отворите отчетот на градоначалникот и таму да прочитате што се е направено за охриѓани. Доколку тоа го направевте ќе видевте дека во Лескоец се реализираа голем број проекти и се решија голем број на проблемите што ги имаа жителите на Лескоец, велат од локалната самоуправа.
Додаваат дека жителите на Лескоец знаат дека оваа локална самоуправа извршила реконструкција и изведба на нова водоводна линија во Лескоец и дека со тоа се реализирале две фази од проектот.
– Во тек се подготовките за реализација на третата фаза по што трајно ќе се реши проблемот со водоводот. Првата фаза е во должина од 500 метри и вредност од 1 800 000 денари, а втората од 500 метри и вредност од 2 100 000 денари. Исто така знаат дека се изгради и фекална канализација низ целата територија на селото Лескоец. И тоа не е се што реализиравме во Лескоец, тука е и отворањето на детска градинка, реконструкција на една од најфрекфентните улици во Лескоец „Илија Смически“ во вредност од 6 498 485 денари, се асфалтираа три краци од улицата „Илинденска“ во вредност од 1 970 516 денари, се реконструира училиштето, започнавме со изградба на фудбалскиот терен и уште многу други помали проекти, објаснуваат од локалната самоуправа.
OhridNews












