– Градоначалникот вети дека ќе ги среди состојбите со паркирањето во интерес на граѓаните и туристите што доаѓаат во Охрид. Во вашите лаги и обвинувања не знаете ни што рече Петрески за паркирањето. Тој рече дека во областа на паркирањето ќе ги отстрани сите недостатоци и веќе дел се отстранети. За разлика од вас, кои покрај целиот хаос што го создавате во сите сфери во државата, а сега сакате да направите хаос и во “авионскиот сообраќај на вода“ со изградба на аеродром на вода во Охридското Езеро. Граѓаните на Охрид многу добро знаат кој го кочи развојот на градот, кој намерно ги кочи урбанистичките панови на Охрид, кој не донесе ниту денар инвестиции, а од друга страна многу добро се знае кој се грижи за Охрид, како за свој дом, и кој Охрид го сака со срце и со душа. Тоа веќе осум години Александар Петрески го докажува на избори, се наведува во реакцијата.
Од кабинетот на градоначалникот повикуваат, доколку има било какво прекршување на институционалните форми, за било која работа, од ВМРО – ДПМНЕ да реагираат на соодветен начин, а не да манипулираат со јавноста.