Општината бара Груевски да пресече околу одржувањето на плажите
06.06.09 07:55
Општина Охрид и јавното комунално претпријатие деновиве писмено се обратиле до премиерот Никола Груевски со барање да биде трајно решено прашањето околу одржување на плажите на охридската ривиера.
Вршителот на должност директор на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче, посочи дека засега не е решено прашањето за одржување на околу 20 километри брегова линија од Охридското Езеро која не е издадена под концесија.Тој вели дека тоа на неколку пати им било предочено на Министертството за транспорт кое се јавува како издавач на концесииите и на Министерствтото за животна средина, но одговор оттаму не бил добиен.
– Пред една недела се обративме и до премиерот и до министрите, со цел пред почетокот на туристичката сезона да се најде начин плажите постојано да бидат одржувани, а не како досега ЈП „Охридски Комуналец“ да ги чисти плажите со акции, изјави Алче.
Сличен проблем со одржување на плажите имаше и минатата година кога до јавното претпријатие пристигна допис од Министерството за транспорт во кој беше потенцирано дека чистењето на плажите на охридската ривиера е обврска на локалната самоуправа. Од „Комуналец“ се надеваат дека оваа година ќе биде изнајдено соодветно решение за проблемот, бидејќи јавните плажи се сопственост на Република Македонија, а градот нема ингеренции над нив.
Гостите во „Ночолино“ лаунџ бар и џелатерија во Охрид мол, синоќа уживаа со музиката на групата „Сарај“ Љубителите на добрата забава од сите генерации во весела атмосфера заедно ги пееја прекраснит...
Ноќеска во 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље – Струга, од слобода бил лишен 20-годишен жител на струшкото село Франгово При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопрел...
Постарите Охриѓани паметат дека најава за доаѓањето на пролетта е процветувањето на бајамите (бадемите), засадени во стариот дел на градот и во Горица Вообичаено ова се случува на средината на март...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.