Општина Охрид за учебната 2021/2022 година ќе додели стипендии на талентирани ученици од прва година запишани во средните училишта во Општина Охрид, кои степенот на талентираност го постигнале додека биле ученици во основното образование.

Оваа мерка Општина Охрид ја воведува со цел да ги поттикне учениците кои учат во завршната година на основното образование да учествуваат на натпревари од областа на науката и да постигнуваат врни резултати. Висината на стипендијата ќе изнесува 1500,00 денари месечно за 9 (девет) месеци во текот на учебната 2021/2022година, сооштуваат од Локалната. 

На Конкурсот за  доделување стипендии на талентирани ученици од прва година можат да се пријават ученици кои  учат во средните училишта во општина Охрид како и ученици кои учат во друга општина во јавно средно училиште кое не е застапено во општина Охрид, а се жители на Општина Охрид. Кандидатите треба да се редовни ученици (од I година), да имаат освоено награди за поединечно освоено I, II или III место на државен или меѓународен натпревар во областа на науката за учебната 2020/2021 година, како и да  не се корисници на стипендија или кредит од други институции или фирми.

 

OhridNews