Охридската локална самоуправа ги објави добитниците на општински стипендии за редовни студенти и за талентирани ученици од основните и средните училишта на територијата на општина Охрид, кој беше распишан во текот на претходниот месец.
Добитниците на стипендии се повикуваат во рок од три работни дена, да дојдат во просториите на Одделението за образование при општина Охрид, да достават трансакциона сметка и да потпишат договор.
На јавниот конкурс кој го имаше објавено општината можеа да се пријават талентирани ученици од VIII и IХ одделение од општинските основни училишта и талентирани ученици од II, III и IV година од средните училишта на подрачјето на општина Охрид. На огласот за студентски стипендии за академската 2014/2015 година, можеa да се пријават редовни студенти кои се I, II, IV, V и VI година и кои студираат на државните универзитети во Република Македонија.
Висината на стипендијата за учениците ќе изнесува 1.500 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година, додека пак висината на стипендијата за студентите ќе изнесува 2.000 денари месечно и истата ќе се доделува девет месеци во текот на годината.
Листа на добитници на Ученички стипендии
Листа на добитници на Студентски стипендии
OhridNews