Согласно неодамна донесената одлука на Советот, општина Охрид објави барање  на понуди за кредит со следните услови: износ од 360 милиони денари, рок на враќање минимум 6 години, грејс период минимум од 6 месеци и годишен ануитет и годишна каматна стапка.

Критериумите за избор на најповолна понуда ќе бидат понудениот грејс период и понудената годишна каматна стапка.

Кредитот е наменски, за исплатата на обврски по основ извршни решенија со кои е блокирана сметката на Општина Охрид.

OhridNews