Општина Охрид, ги повикува сите правни и физички лица кои поседуваат фирма на територија на општина Охрид и кои се уште ја немаат измирено комуналната такса да го сторат тоа во најкраток можен рок.

Исто така обврзниците кои немаат добиено решенија за Комунална такса за фирма за 2014 година се повикуваат да го подигнат истото во најкраток можен рок.

Преку јавнaта објава се повикуваат и сите правни лица и трговци поединци кои поседуваат јавни локали, a кои не ја измириле обврската за комунална такса за користење на музика во јавни локали, истото да го сторат веднаш.

Од општината информираат дека за негативните последици кои евентуално можат да настанат поради неисполнување назаконските обврски како што се присилна наплата или други дополнителни трошоци, странката сама ќе ја сноси одговорноста.

OhridNews