Локалната самоуправа како инвестицони приоритети во основните училишта годинава ги има реализацијата на проектите заработа со талентирани ученици, сервисирањето и набавката на противпожарна опрема, како и обезбедувањето на училиштата со чуварски служби. За овие, но и за другите зафати во основните училишта за годинава се планирани 18 милиони денари.

Зградата на „Братство -единство“ во Лескајца треба да добие реновирани санитарни јазли, во „Григор Прличев“ треба да се направат конструкции за кошеви и да се набават кош-табли. Во основното училиште „Христо Узунов“, локалната планира да ги замени калориферите во фискултурната сала.
Околу 10,5 милиони денари од општинскиот буџет треба да се потрошат за осовременување и тековни работи во средните општински училишта.
Покрај замената на дограмата, ќе се молерисуваат гимназиската и економската зграда и фискултурните сали на општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“. Економската зграда годинава се очекува да добие и нова фасада.
Во ЕМУЦ „Свети Наум Охридски“, освен дограмата, локалната самоуправа планира да го изгради и затворениот премин помеѓу училиштната зграда и училиштната работилница, а во средното угостителско туристичко училиште „Ванчо Питошески “ има намера да ги санира подовите во училниците.
За сите средни училишта годинава се издвоени средства и за осовременување на кабинетите за практична настава и на лабораториите.
Објектите од детската градинка „Јасна Ристеска“ ќе бидат санирани и реконструирани со средства во висина од 4.222.000 денари.
За Програмата за образование и детска заштита за која општинскиот совет даде зелено светло на последната седница, се издвоени 32. 694. 000 денари.












