
– Како што ви ветивме , Локалната самоуправа го донесе урбанистичкиот план
и ја утврди локацијата за изградба на Дом за пензионери .Локацијата се
наоѓа на брегот на Охридското Езеро, во близина на хотелот „ Магнус“,
со површина од 8.500 метра квадратни ,а основата на објектот ќе биде
1.000 метри квадратни. Реализирањето на проектот очекуваме дека ќе
започне за кусо време, а за негова изградба има интерес од повеќе
странски инвеститори.-рече Јаковчески.

Тој додаде дека општината не може директно да помогне во зголемувањето на пензиите,
бидејќи тоа е работа на централната власт, но во рамки на своите можности ќе бара форми низ кои ќе придонесува
да се збогатиме секојдневниот живот на пензионерите.

На свеченоста која беше збогатена со прогодна програма свое обраќање имаа и претседателот на Собранието на Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца Маринела Јовановиќ и претседателот на Извршниот одбор на Здружението Ѓорѓи Трпчески. Тие истакнаа дека Здруженијата во охридско во последниве години направиле бројни промени се со цел подобрување на функционирањето и остварување на интересите на пензионерите.

На свечената прослава на најдобрите пензионери спортисти им беа врачени признанија за постигнатите резултати , а локалната самоуправа им подари дресови. Прославата продолжи со културно уметничка програма на платото пред центарот за култура “Григор Прличев“, касе настапија пензионерското друштво “ Распеани охриѓани“ и културно- уметнички друштва од Врање, Србија и од Стара Загора од Бугарија.
фото:ohrid.gov.mk












