По кратка пауза Локалната самоуправа и Општинсииот комитет на ВМРО ДПМНЕ влегоа во нова медиумска војна. Локалната реагира на ставовите на претседателот ан ОК ВМРО ДПМНЕ,  Атанаско Михаилов, дека поради здраствената состојба на градоначалникот и кусото недоаѓање на работа, Општината и Советот биле во длабок сон.

-Првиот човек на ВМРО- ДПМНЕ треба да знае дека општината има раководители на сектори кои во договор со градоначалникот Петрески секојдневно и целосно со нивните служби ги вршат работните задачи и не се во зимски сон, како што малициозно сака да рече Михаилов. Доколку Михаилов има добра комуникација со советничката група на ВМРО- ДПМНЕ тогаш треба да знае дека Советот на општина Охрид имаше седница во месец јануари и дека интензивно се подготвува и следната седница.Следуваат интензивни консултанции околу утврдувањето на дневниот ред за февруарската седница на која ќе се најдат и извештаите за реализација на програмите во 2010 година. -објаснуваат од Локалната самоуправа. Според неа  Михаилов не е доволно информиран за актуелните случувања во градот, а нападите кон општината се обид да се сврти вниманието на јавноста од случувањата во Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ каде наводно е загрозена неговата позиција.

Од ОК ВМРО ДПМНЕ возвраќаат дека е недозволливо е Локална самоуправа , која е сервис на сите граѓани да излегува со соопштенија за изнесени политички ставови на претседател на политичка партија а во одбрана на ликот и делото на својот мандатно привремен шеф.  Според оваа партија таквото однесување е надвор од сите правила на функционирање на администрацијата.

– После јавно напишаното во соопштението дека “општината има раководители на сектори кои во договор со градоначалникот Петрески секојдневно и целосно со нивните служби ги вршат работните задачи”  од Локалната треба да одговорат пред граѓаните дали тоа е потврда дека и сечењето на дрвата на улица Партизанска било во договор со Градоначалникот, иако се обидоа невешто да ја избегнат неговата улога .  Исто така нека одговорат зошто сметката е блокирана и  доцни исплатата на плати и паушали  и колкави се новите долгови на Охрид кои граѓаните ќе треба да ги плаќаат.- се вели во реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews