Со денешното соопштение на СДСМ, охридската јавност стана сведок дека советниците во градскиот Совет од оваа политичка партија имаат само една цел – себе промоција, а не како што сакаат да се претстават во јавноста дека се загрижени за развојните програми, пишува меѓудругото во писмената реакција со која општна Охрид реагираше на писменото соопштение на СДСМ.
-Жално е што никој од СДСМ не бил во состојба да одлучува, да распределува, да менаџира со буџет над кој надвиснуваат енормни долгови, судски решенија и судски спорови, па да знае како изгледа носење на развојни програми и менување на истите во ситуација кога општината има долг од 53 милиони евра. Жално е што СДСМ го смета за небитен долгот што таа го направи и истиот како ситен проблем смета дека сам од себе ќе исчезне. Со вакви проблеми, со секојдневно справување со судски спорови, судски решенија, блокирана сметка, Локалната самоуправа изнајде сили да ги изготви овие нацрт програми и да ги достави до Советот. Доколку овие проблеми општината не ги имаше наследено од времето на СДСМ таа ќе имаше прецизни датуми и прецизни рокови за реализација на истите. И советниците на СДСМ знаат дека ова се нацрт програми и понатака следи расправа во која општината секогаш вклучува голем број субјекти од општественото живеење, стои во писмената рекација од општината.
Оттаму потенцираат дека актуелната локална власт предводена од градоначалникот Никола Бакрачески и покрај наследената катастрофална финансиска состојба успеа за само една и пол година да реализира стотина проекти во делот на нови улици, тротоари, атмосферска канализација, фекална канализација.
Во реакцијата на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ пишува дека стана вообичаена пракса на СДСМ – Охрид со празни демагогии и ширење лаги да ја изобличува вредната работа на локалната Власт од ВМРО-ДПМНЕ и да коментира дел од одлуките на Совет ден по одржување на седницата.
-ВМРО-ДПМНЕ денес јавно ги прашува охридските социјал демократи: кои се „добрите“ нацарт развојните програми кои ги носеа во нивно време и со кои успеаја на Општината и јавните претпријатија да им остават долг од над 50 милиони евра. ВМРО–ДПМНЕ ги прашува социјал демократите дали тие на ваков начин со долг кој што во толкави размери не памети поновата историја на Европа за толку мал град како што е Охрид, покажуваат дека го сакаат градов? Новата локална самоуправа предводена од ВМРО- ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески за период од година и половина колку што е на власт, реализираа многу повеќе проекти отколку СДСМ која 8 години беше на власт, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочија дека во тек се капиталните проекти, катна гаража дом за стари лица, затворен базен, затворен зелен пазар кои актуелната локална власт успешно ги реализира во сите законски рамки иако се соочува со правни лавиринти и тешкотии кои ги наследи од времето на СДСМ.
OhridNews