-На многумина им е случено за празници или во туристичката сезона таксистите да одбијат да возат или да побараат нереална цена за услугата и таквата пракса треба да престане. Во спротивно, Општината во соработка со УЈП и надлежната инспекција ќе спроведе акција и ќе ги санкционира недисциплираните таксисти и затоа ова предупредување треба да се сфати сериозно, велат од локалната самоуправа.
Воведување ред во такси превозот бараат и таксистите кои и самите се жртва на незаконското работење на поединци, кои го уриваат имиџот на професијата.