
Според проекциите на локалната администрација, во 2009 година од туристичка такса во градската каса планирано е да се инкасираат 25 милиони евра, или речиси 10 милиони повеќе од тековната година.
Општината веќе предвидела и каде ќе се потрошат тие пари. За отворање на два информативни пункта во Пештани и Охрид, ќе се вложат 6 милиони денари, за воведување и одржување веб портал преку кој ќе се врши промоција на сместувачки капацитети и „он лајн“ букирање за сместување ќе се потрошат 5 милиони денари, исто толку средства ќе се потрошат за печатен и друг пропаганден материјал. За промоција на охридскиот туризам во големите градови од сооседните земји ќе се потрошат 2,5 милиони денари, за организиран настап на саеми и слични манифестации ќе се потрошат 5 милиони денари, а за изработка и одржување софтвер за контрола на сместувачките објекти и евиденција на туритсичакта такса ќе се потрошат 1,5 милиони денари.












