За развој на туризмот во буџетот на Општина Охрид за 2009 година предвидени се 25 милиони денари.

Според проекциите на локалната администрација, во 2009 година  од туристичка такса во градската каса планирано е да се инкасираат 25 милиони евра, или речиси 10 милиони повеќе од тековната година.

Општината веќе предвидела и каде ќе се потрошат тие пари.  За отворање на два информативни пункта во Пештани и Охрид, ќе се вложат 6 милиони денари, за  воведување и одржување веб портал преку кој ќе се врши промоција на сместувачки капацитети и  „он лајн“ букирање за сместување ќе се потрошат 5 милиони денари, исто толку средства ќе се потрошат за печатен и друг пропаганден материјал.  За промоција на охридскиот туризам во големите градови од сооседните земји ќе се потрошат 2,5 милиони денари, за организиран настап на саеми и слични манифестации ќе се потрошат 5 милиони денари, а за изработка и одржување софтвер за контрола на сместувачките објекти и евиденција на туритсичакта такса ќе се потрошат 1,5 милиони денари.

Ohridnews