-Ние не можеме директно да помогнеме во зголемувањето на пензиите, бидејќи тоа е работа на централната власт, но како што се договаравме, во рамките на нашите можности ќе бараме форми низ кои ќе придонесуваме да го збогатиме секојдневниот живот на пензионерите, изјави Петрески.
Тој вети дека општината ќе помага во организирањето на слободното време, културно забавните активности и заедничките дружења и излети на пензионерите.
Меѓународниот ден на жената со пригодна свеченост го одбележа и Здружението на граѓани со телесен инвалидитет за општините Охрид и Дебрца „Мобилност“. На свеченоста присуствуваа претседателот на Советот на Општина Охрид Душко Јаковчески и раководителот на одделението за образование Серафим Наумоски , кои со цвеќе и желби за добро здравје и среќа на жените со телесен инвалидитет им го честитаа 8-ми Март.