Општина Охрид распиша јавен оглас за набавка на три патнички моторни возила со јачина од 1300-1900 см3 и едно патничко возило со јачина од 1900-2500см3.
Во огласот не се наведуваат други детали за набавката.
Понудите од заинтересираните компании, општината ќе ги прима заклучно со 22.12.2010 до 10.00 часот.












