Преку кредит добиен од Меѓународната банка за обнова и развој (ИБРД), општина Охрид ќе изврши набавка на 5 специјални комунални возила. За таа цел, деновиве е распишан повик за понуди од подобни и квалификувани понудувачи.

-Општина Охрид ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за набавка и транспорт на: 2 возила за собирање на цврст отпад со капацитет од 3 метри кубни, 1 возило за собирање на цврст отпад со капацитет од 9+1 метри кубни, 1 возило за собирање на цврст отпад со капацитет од 16+1 метри кубни и 1 хидростатична машина за чистење на улици (електричен тип), пишува маѓудругото во јавниот повик.

Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за меѓународно јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка за Набавка со средства добиени од ИБРД Заеми и ИДА Кредити.

OhridNews