Долгот на Општина Охрид кон ГП „Гранит“ од 7,5 милиони евра колку што изнесуваше пред речиси 4 години, е намален на само 160.000 евра или околу 10 милиони денари, изјави градоначалникот Александар Петрески.


На граѓанската трибина што синоќа се одржа во големата сала на општината, Петрески најави дека наскоро Охрид во целост ќе ги подмири наследените долгови кон градежното претпријатиjе, со што се отвораат нови перспективи за развој на градот.


Петрески изрази оптимизам дека со отплатувањето на долговите општината догодина ќе може да ги реализира зацртаните планови во развојната програма за која синоќа стана збор на јавната расправа со претствници на месните заедници од градот и околните населени места.

Г.М.