
Од Лер објаснуваат дека сите станоиздавачи должни се да поднесат барање за утврдување на минимално-технички услови и категоризација за вршење на угостителска дејност од мал обем. Тие тоа можат да го направат во Секторот за туризам и ЛЕР кој се наоѓа во просториите над УНИ БАНКА. Против физичките лица кои издаваат легла во сместувачките капацитети од мал обем, а немаат извршено категоризација согласно законот ќе се превземаат казнени мерки, предупредуваат од ЛЕР.
Станоиздавачите кои им издаваат соби на туристи, а немаат склучено договор со некоја туристичка агенција ризикуваат парично да бидат казнети со глоба во висина од 400 евра. Толкава е казната и за издавање на објекти што не ги исполнуваат минималните технички услови и не се категоризирани.
контакт информации за категоризација












