Општина Охрид и годинава ги спои новогодипните и божикните празници. Продолжениот зимски одмор за администрацијата во локалната самоуправа ќе трае до 10-ти јануари.

Од Одделението за односи со јавност при Локалната самоуправа информираат дека  на 3, 4 и 5 јануари 2011 година ќе биде отворена приемна канцеларија на Општина Охрид за граѓаните која ќе работи во периодот од  од 9 до 15 часот. Во приемната канцеларија има претставници на сите сектори на локалната администрација и секој заинтересиран доколку има потреба може да се информира или да поднесе документи  кои се врзани со определен рок, посочуваат од Општината.

Останатиот дел на вработените од Локалната самоуправа не се на работа и трите дена со кои се поврзаа новогодишните и бижиќните празници ќе им се сметаат како искористени денови од годишниот одмор.На вакво решение локалната самоуправа се одлучи поради фактот што најголемиот дел од фирмите ги споија празниците, а за  граѓаните кои имаат постапки поврзани со рокови е отворена приемната канцеларија што се наоѓа на влезот во општинската зграда, објаснуваат од Одделението за односи со јавност на општина Охрид.

Во зградата на општината се сместени катастарот и подрачни единици на повеќе министарства и државни институции кои работат според утврденото работно време од 08.30 часот до 16.30.

OhridNews