Охридската локална самоуправа оваа година планира да потроши околу 19.000 евра или точно 1.200.000 денари за новогодишно украсување на Охрид.

Во текот на вчерашниот ден преку Електронскиот систем за јавни набавки беше објавен јавен оглас за набавка на услуги со изнајмување на Новогодишно украсување. Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниската понудена цена, а  понудите ќе може да се доставуваат најдоцна до 12-ти ноември 2015 до 13  часот.

Инаку во текот на минатата година плоштадот, кејот и чаршијата во Охрид беа украсени со светлечки реквизити во единствена бела боја, а украсувањето беше надополнето и со стари и репарирани новогодишни реквизити.

OhridNews