Општината против издавањето на Сараиште под концесија
22.07.09 07:26
Општина Охрид е против издавањето на плажата Сараиште под концесија. Од локалната самоуправа во дописот до Министерството за транспорт посочуваат дека револтот на граѓаните од оваа населба е оправдан, бидејќи ова место е повеќе од обична плажа за охриѓани:
„Без оглед на тоа какви идеи и проекти има концесионерот за уредување на овој локалитет, кој за Охрид е многу повеќе од обична плажа, факт е дека овој простор, во интерес на сите, а најмногу на градот и неговото културно, туристичко и урбано живеење, најдобро може да го уреди Локалната самоуправа. Во прилог на овој факт сакам да ве потсетам, дека овој простор Општината го користи за поетски матинеа и други јавни културни и туристички манифестации и свечености. Покрај ова, најреномираната културна манифестација, фестивалот “Охридско Лето“ често го користи овој простор за своите програмски содржини“ – се вели меѓу другото во писмениот допис до министерот Миле Јанакиески.
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана Посочуваат дека во правно лице во Скопје пронајдени ...
Претставата „Генијална идеја“ на Народен театар Охрид по текст на повеќе автори, а во драматургија и режија на Ненад Витанов, ќе биде одиграна во петок 13022026 година со почеток во 20 часот Во ова...
Како дополнување на заложбите на Општина Охрид за воспоставување на систем за одржливо управување со отпад започнува примарна селекција во Хорека индустријата (хотели, ресторани, кафулиња) во Охрид...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.