Општината против издавањето на Сараиште под концесија
22.07.09 07:26
Општина Охрид е против издавањето на плажата Сараиште под концесија. Од локалната самоуправа во дописот до Министерството за транспорт посочуваат дека револтот на граѓаните од оваа населба е оправдан, бидејќи ова место е повеќе од обична плажа за охриѓани:
„Без оглед на тоа какви идеи и проекти има концесионерот за уредување на овој локалитет, кој за Охрид е многу повеќе од обична плажа, факт е дека овој простор, во интерес на сите, а најмногу на градот и неговото културно, туристичко и урбано живеење, најдобро може да го уреди Локалната самоуправа. Во прилог на овој факт сакам да ве потсетам, дека овој простор Општината го користи за поетски матинеа и други јавни културни и туристички манифестации и свечености. Покрај ова, најреномираната културна манифестација, фестивалот “Охридско Лето“ често го користи овој простор за своите програмски содржини“ – се вели меѓу другото во писмениот допис до министерот Миле Јанакиески.
На свечен настан кој ќе се одржи во понеделник, 28 септември, со почеток во 19:30 часот во големата сала на НУЦК „Григор Прличев“ Охрид ќе бидат одбележани 30 години постоење на Клубот на млади на ...
Општина Струга го намали долгот за над 1,5 милиони евра од обврски акумулирани низ годините Од нив 570000 евра исплатени преку директни договори со доверителите, 200000 евра камати простени од дове...
ЈП Охридски Комуналец продолжува со акциите за собирање на текстилен отпад во соработка со „Училиштата без пластика“ кои ќе се спроведуваат секој последен петок од месецот Утре граѓаните имаат можн...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.