Дел од ингеренциите на општините за изработка на елаборати за заштита на животната средина и активности поврзани со тоа се укинуваат, а дел ги презема Министерството за животна средина. Ова се предвидува со усвоените измени на уредбите за изработка на елаборати за заштита на животната средина што вчера ги презентираше министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.

Тој информираше дека се укинати се 23 отсто од активностите на општините, а седум се префрлени на Министерството, а како причина за тоа тој го наведе немањето капацатите во локалните самоуправи да изработуваат стратешки документи од областа на заштитата на животната средина.

OhridNews