Општините Охрид и Дебрца се избрани меѓу деветте пилот општини во земјата кои ќе бидат дел од активностите на ИПА проектот “Зајакнување на капацитетите
на централно и локално ниво при имплементирање на законодавството од
областа на животната средина”. Тие беа избрани од 30-те општини кои се пријавија на огласот што го распиша Министерството за животна средина и просторно планирање.

Реализацијата на овој проект ќе придонесе за зајакнување на капацитетите на општинските администрации на Охрид и Дебрца од областа на заштитата на животната средина.

OhridNews