Национална конференција „Соработката на граѓанските организации со локалната самоуправа“ во организација на проектот Техничка поддршка за граѓанските организации, Националниот совет за родова еднаквост, Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој и Заедницата на единиците на локалната самоуправа, ќе се одржи денеска во Охрид.
Главна цел на дводневната национална конференција е размена на искуства и подобрување на соработката помеѓу локалните самоуправи и невладиниот сектор.
На Конференцијата учествуваат претставници од граѓанските организации, на локалните самоуправи , од Министерството за Локална самоуправа, ЗЕЛС, владини претставници и медиуми.












