Формирана општинска комисија која ќе ги утврдува условите за трансформација на работниот однос на вработените во образовните институции на подрачјето на Општина Охрид.

Решението за формирање на општинската комисија е донесено од страна на градоначалникот Кирил Пецаков, по номинациите добиени од Министерството за образование и наука и од СОНК.

Со ова се надминува застојот во работата на оваа комисија кој беше предизвикан од истекот на нејзиниот мандат. Сега на овој процес ќе му се даде дополнителна динамика. Задоволен наставен кадар со решен работен статус е најдобра гаранција и дополнителен поттик за успешен образовен процес што претставува стартешка цел и определба на Општина Охрид, велат од Општина Охрид. 

Комисијата има задача да изврши стручни и административно технички работи со кои ќе се сумираат, проверуваат и технички ќе се обработуваат барањата за трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време на вработените во образовните институции на подрачјето на Општина Охрид и истите, запоснички благовремено ќе се доставуваат до Министерството за образование и наука, стои во Решението за формирање Комисија.

За претседател на Комисијата е назначена Наташа П. Беќароска,претставник на Државен просветен инспекторат, а членови се  Катерина Крстеска,  претставник на СОНК- Охрид и Флорентина Стерјовска, претставник на Општина Охрид.

OhridNews